Велика Британија: Руските шпиони речиси сигурно стојат зад труењето на Навални

Велика Британија вчера соопшти дека Русија треба да одговори на прашањата во врска со труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, бидејќи е скоро сигурно дека руските разузнавачки служби стојат зад нападот со отровот новичок од советската ера.

Фото: ЕПА

Британскиот државен секретар Доминик Раб во Вашингтон, на средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео, изјави дека „руската влада има обврска да објасни што му се случило на Навални“, додека употребата на хемиско оружје ја нарече „неприфатлива“, пренесува Ројтерс.

„Од британска гледна точка, многу е тешко да се види какво било прифатливо алтернативно објаснување во врска со фактот дека (нападот врз Навални) го извршиле руските разузнавачки служби“, рече Раб.

Навални пред два дена објави слика од болницата во Берлин и изјави дека сега може да дише самостојно.

Најголемиот противник на претседателот на Русија Владимир Путин беше префрлен со авион во Берлин на 20 август, неколку дена откако му се слоши на лет за Москва. Првично бил пренесен во болница во сибирскиот град Омск.

Германија соопшти дека лабораториските тестови во три земји утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс новичок, по што западните влади побараа објаснување од Русија.

Москва ги отфрла обвинувањата како неосновани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе