Велика Британија размислува за трета доза на есен, разгледува која вакцина да се користи

Британските власти размислуваат кои вакцини против ковид-19 ќе обезбедат најдобра заштита за ранливите лица подоцна оваа година, но одлуката сè уште не е донесена, изјави денеска министерот за вакцинација Надим Захави.

Фото: ЕПА

Велика Британија е втора земја во светот според стапката на вакцинација на населението против ковид-19, а најмалку половина од возрасната популација прими прва доза.

Владата сега размислува за трета доза за вакцинирање на постарите и ранливи групи на есен, откако возрасната популација ќе добие втора доза.

„Лекарите сè уште не одлучиле дали да ќе одат на тоа да се обезбеди поголем имунитет за најранливите или да ја зголемат трајноста на заштитата или ќе одат на варијанти“, изјави Захави за Скај њуз.

На прашањето дали луѓето постари од 50 години ќе добијат дополнителна засилена доза, Захави повтори дека сè уште не донеле одлука.

Минатата недела, службеник на Јавно здравство Англија изјави дека секоја програма на зголемена заштита ќе се заснова на потребата за заштита од варијантите на коронавирусот.

Како што коронавирусот мутира и се појавуваат нови, многу позаразни варијанти, како што се јужноафриканската и бразилската, пред експертите е предизвикот дали постојните вакцини ќе бидат подеднакво ефикасни против нив.

За да се зголеми интензитетот на истражувањата на вакцините против новите варијанти, Велика Британија најави дополнителни 30 милиони фунти во истражувачката лабораторија во Портон Даун.

Научниците ќе можат да тестираат 3.000 примероци на крв неделно, четири пати повеќе од сега, за нивото на ковид-19 антителата генерирани од вакцините за да можат да ја проценат нивната ефикасност во однос на различните варијанти.

Владата претходно издвои 30 милиони фунти за до јануари 2022 година да се зголемат капацитетите на тестирање на примероци од крв од 700 на 1.500 неделно.

Министерот за здравство Мет Хенкок рече дека инвестицијата треба да ѝ обезбеди на Велика Британија подобра заштита од заканите од новите варијанти на вирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе