Велика Британија испраќа уште еден воен брод во Персискиот Залив

Велика Британија ќе испрати трет воен брод во Персискиот Залив, но овој потег не е поврзан со моменталната криза со Иран, соопшти британското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана наведе дека ХМС Данкан, фрегата од типот 45, се префрлува во регионот на Заливот за да не дојде до прекин на британското безбедно присуство со оглед дека ХМС Монтроус, фрегата од типот 23, ќе подлегне на планираното одржување.

ХМС Кент, исто така фрегата од типот 23, подоцна во текот на годината ќе биде распоредена во регионот за да го замени ХМС Данкан.

Министерството, исто така, објави дека помошниот брод Вејв најт ќе биде распореден во регионот на Персискиот залив на почетокот на август.

„Овие долго планирани потези не се резултат на ескалацијата на британската позиција во регионот туку се рутински“, додаде министерството.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе