Велика Британија испраќа нуклеарна подморница во Заливот

Британската кралска морнарица ќе го засили своето воено присуство во Персискиот Залив со испраќање на нуклеарна подморница и командоси, пренесуваат британските медиуми.

Со порастот на напнатоста во регионот, извори за британски Експрес наведуваат дека подморницата од класата Астуте ќе има чисто одбранбена улога, со користење на софистицираната опрема за собирање тајни електронски разузнавачки податоци со цел да се заштитат британските и интернационалните бродови.

Во саботата Иран ги зголеми провокациите објавувајќи снимки како иранските сили со хеликоптери се спуштаат на танкерот, копија на сликите објавени пред две недели кога британските маринци се спуштиле на Грејс 1, иранскиот танкер за кој се сомневало дека шверцува нафта за Сирија.

Подморницата, една од најновите на Велика Британија, тежи 7.400 тони и би требало да „лови“ движења и говор и до 320 километри оддалеченост. Електронската опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, со присуство на специјалисти по лингвистика.

„Испраќаме брод, би требало веќе да е упатен кон регионот“, рече извор од Кралската морнарица и додаде дека неговата улога е собирање разузнавачки податоци за поддршка на планираните конвои танкери. Класата Астута има значајна способност за електронско војување и, всушност, не ни мора да биде во Заливот за да биде ефикасна.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе