Коронакриза

Велика Британија им плаќа на гостите во рестораните и кафулињата половина сметка

Британската влада од 3 до 31 август спроведува програма „Јадете надвор и помогнете" (Eat out to help out), со која се субвенционираат 50% од износот на сметката со цел да се охрабрат граѓаните да јадат надвор и да ги спасат рестораните од затворање.

Фото: ЕПА

Тоа е програма во рамки на проектот Коронавирус (ковид-19) Бизнис подршка.

Субвенционирањето на сметките важи во понеделник, вторник и среда, односно во деновите кога прометот во рестораните е помал. Не постои ограничување на бројот на попусти, единствениот услов е угостителскиот објект да е регистриран во програмата.

Попустот се однесува на храна или безалкохолни пијалоци. Се субвенционираат максимум десет фунти (околу 650 денари) по оброк.

Се истакнува дека попустот во никој случај не важи за алкохолни пијалоци и за услугите на вработените во ресторанот.

Попустот функционира така што на гостинот веднаш му се дава намалена сметка, а потоа рестораните разликата ја надоместуваат од владата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе