Велика Британија го одложува укинувањето на мерките

Британските власти потпишаа одлука за продолжување на ограничувањата воведени поради епидемијата на коронавирусот за по 21 јуни.

Фото: ЕПА

Владини извори за Би-би-си изјавиле дека најновите правила ќе останат во сила уште четири недели по овој датум.

Ова значи дека ноќните клубови ќе останат затворени, а вработените ќе бидат повикани да продолжат да работат од дома секогаш кога е можно.

Премиерот Борис Џонсон се очекува да ја објави оваа одлука на прес-конференција во текот на денов.

Во земјата минатата недела се случи голем скок на нови случаи на индискиот сој на коронавирусот, делта варијантата, која, според епидемиолозите, е 60 посто попренослива отколку алфа, британската варијанта, која доминираше досега.

Во Велика Британија досега над 127.000 луѓе починале од ковид-19. Повеќе од една третина од возрасните примиле барем една доза на вакцина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе