Велика Британија гласа: засилени безбедносни мерки, тесна трка меѓу конзервативците и лабуристите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Гласачките места се отворени денес во Велика Британија за вонредните парламентарни избори пресудни за брегзитот, а кои се одржуваат под засилени безбедносни мерки по трите терористички напади во земјата од крајот на март.

 

Од Корнвол до Шкотска, преку Лондон, Бирмингем, Манчестер, Ливерпул и Глазгов, над 47 милиони Британци денес имаат право на глас.

Премиерката Тереза Меј изборите ги распиша за да го зајакне легитимитетот во преговорите со Европската Унија за излегувањето на Велика Британија. Таа се надева дека ќе го зголеми тенкото мнозинство на својата Конзервативна партија во парламентот.

Според најновите анкети, предноста на британската Конзервативна партија пред лабуристите на Џереми Корбин пред вонредните парламентарни избори е значително помало отколку пред еден месец и се движи помеѓу 1 и 12 отсто, јавува Би-би-си.

Покрај конзервативците и лабуристите, на места во парламентот се надеваат и Зелената партија, Либералните демократи, Шкотската национална партија и еврофобичната Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).

Британците од 7 часот наутро до 10 навечер ќе се определуваат меѓу 3.303 кандидати во 650 изборни окрузи низ земјата, колку што има места во Долниот дом на парламентот.

Тоа значи дека за апсолутно мнозинство се потребни 326 пратеници.

Во трка се две главни партии – Конзервативната партија на десниот центар, на чело со премиерката Тереза Меј и левичарската Лабуристичка партија која ја предводи Џејмс Корбин. По нив следат Либерално-демократската партија од левиот центар, потоа популистичката УКИП и левичарски ориентираната Зелена партија.

На претходните општи избори во 2015 места во парламентот освоија и левата Шкотска национална партија, Велшката националистичка партија Плеид Камри и четири партии од Северна Ирска.

Анкетите навестуваат дека конзервативците најверојатно ќе победат, но дека лабуристите би можеле да формираат влада со поддршка од помалите левичарски партии.

Британците најмногу ги интересира како новата владејачка гарнитура ќе ги решава прашањата околу брегзитот, тероризмот, националната здравствена служба, емиграцијата и економијата.

Непосредно пред гласањето анкетите навестуваа дека трката ќе биде многу „потесна“ отколку што се предвидуваше пред шест недели кога Меј ги распиша изборите, но навестуваат и дека нејзината премиерска позиција останува сигурна.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе