Веќе гласале 12 милиони Американци, соборен рекордот во рано гласање

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден вчера одржаа предизборни собири во важните сојузни држави Пенсилванија и Флорида, додека претседателската кампања влегува во конечната, интензивна фаза.

EPA-EFE

На собирот во Пенсилванија Трамп ја критикуваше енергетската политика на Бајден, бидејќи во индустријата за нафта и гас е вработен голем број жители на таа држава, а анкетата на Ројтерс/Ипсос покажува дека заостанува зад Бајден во клучните држави.

Бајден пак вчера престојуваше на Флорида, обраќајќи им се на постарите гласачи и критикувајќи го Трамп поради справувањето со пандемијата на коронавирусот.

Трамповиот собир во Џонстаун е втор во последните два дена, додека се обидува да го надомести изгубеното време поради заразата со коронавирусот.

Досега веќе 12 милиони Американци гласале на изборите, вклучувајќи 1,6 милиони на Флорида, со што е урнат рекордот во бројот на рани гласови.

Трамп го обвини Бајден дека сака да го забрани хидрауличното фрактурирање, постапка за извлекување нафта и гас која се смета за еколошки штетна.

„Едно од најважните прашања во Пенсилванија е опстанокот на фрактурирањето“, кажа Трамп, сугерирајќи дека поради Бајден многумина во Пенсилванија би останале брз работа.

„Џо Бајден повторно ветува дека ќе го укине фрактурирањето. Тој е лажго“.

Бајден кажа дека ќе забрани ново производство на нафта и гас на земја под сопственост на сојузната влада, но порача дека нема да го забрани фрактурирањето, иако претходно изнесуваше конфузни ставови.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот покажува дека Бајден има предност од седум процентни бода во Пенсилванија, додека една недела претходно имал предност од пет. Трамп со мала разлика победи во таа сојузна држава во 2016.

Обраќајќи се на југот на Флорида, Бајден порача дека Трамп намерно ја намалувал заканата од коронавирусот.

„За Доналд Трамп вие сте потрошни. Заборавливи. Вие сте речиси никој. Така тој ги гледа постарите лица. Така тој ве гледа вас“, кажа Бајден.

Победа на Бајден на Флорида значително би ги намалила шансите на Трамп за реизбор, а последната анкета покажува дека демократите имаат поголема поддршка во клучните демографски групи во државата, особено постарите лица. Трамп победи на Флорида во 2016, со разлика од 1,2 процентни бода.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе