Вечерњи лист: Лавров на пролет во Загреб

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пролет ќе ја посети Хрватска, јавува Вечерњи лист.

Лавров во Хрватска ќе учествува на конференција за соработката на ЕУ и Русија, ќе ја отвори новата зграда на руската амбасада и ќе потпише низа договори.

Точниот датум на посетата дефинитивно ќе биде утврден на годишната конференција за безбедност, која ќе се одржи во Минхен од 14 до 16 февруари.

Вечерњи лист, повикувајќи се на руски дипломатски извори, пишува дека Лавров во Загреб сака да го заживее дијалогот на Русија и Европската Унија, на претстојната конференција за соработката на ЕУ и Русија.

На тој собир многу реално би можеле да се разменат погледи за сегашната ситуација, за санкциите кои ЕУ ѝ ги наметна на Русија, а потоа Москва соодветно одговори, за потребата за соработка во областа на безбедноста, Блискиот Исток, емиграциите и економијата.

Русија, според весникот, е целосно свена и за хрватските приоритети – има и амбициозна агенда па би сакала официјален Загреб, како претседавач во Советот на ЕУ, да стане придвижувач на повторниот дијалог и соработка на Русија и Европската УНија, особено затоа што претседава со Советот на ЕУ.

Затоа, како што тврди весникот, и посетата на Лавров е повеќе од само возвратна посета откако тогашниот шеф на хрватската дипломатија Давор Штир ја посети Москва во мај 2017.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе