Вечерње новости: Три држави размислуваат за повлекување на признавањето на Косово

Србија во овој момент има најави од најмалку три држави кои се спремни да ги преиспитаат своите одлуки за признавањето на Косово, пишува Вечерње новости.

EPA-EFE

Белград кон нив ќе ги насочи дипломатските активности доколку Албанците продолжат со лобирањето за нови признавања, како и за прием во меѓународните организации, што претставува директно уривање на тукушто обновениот дијалог.

Србија со месеци беше под голем притисок на Западот да го прекине лобирањето за повлекување на признавањата, а Приштина, додека беа на сила царините од сто отсто на српската стока, сметаше дека српската страна треба прво да прекина со кампањата на „отпризнавања“, за тие да ја поништат одлуката за царините. Српскиот државен врв, меѓутоа, одбиваше изедначување на тие две нешта, пишува Новости.

Ричард Гренел, американскиот посредник во дијалогот, на 15 јуни соопшти дека двете страни се согласиле привремено да паузираат со отпризнавањето, односно барањето нови признавања и членство во меѓународните организации.

По еден месец од соопштението на Гренел, косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека Косово нема да прекине со своите иницијативи за прием во меѓународните тела.

Продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина на техничко ниво е планирано за оваа недела.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе