Шпанија ги блокира ЕУ интеграциите на Приштина

Вечерње новости: Мадрид сака Косово во ЕУ само како регион на Србија

Мадрид не попуша во својот став на Косово да му се блокираат ЕУ интеграциите, пишува Вечерње новости и истакнува дека Шпанија ќе се согласи на Косово во ЕУ, но само како регион на Србија.

Ставот на Мадрид, како што дознава српскиот весник, е дека Косово може да биде дел од Унијата само како посебна управа, во рамки на Србија. Во таа смисла, Шпанците до врвот на ЕУ испратиле не само една писмена забелешка, како што се спомнуваше претходните денови, туку повеќе протестни документи.

Ова за Новости го потврдиле од шпанското министерство за надворешни работи, од каде порачале и дека официјален Мадрид нема да попушти во тоа.

„Ставот на Шпанија за непризнавањето на еднострано прогласената декларација за независност на Косово е заснован врз одбраната на принципот на територијалниот интегритет на државите, почитувањето на меѓународното право и владеењето на правото“, му било кажано на српскиот весник во службата за односи со јавноста на министерството за надворешни работи на Шпанија.

Новости наведува и дека ситуацијата со Каталонија трајно го зацврстила односот на Шпанија околу прашањето на Косово. Мадрид не сака да слуша за какви било преседани, бидејќи тогаш тоа би можеле да го користат и некои нејзини региони.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе