Вечерње новости: Косовски клиники со пари од Европа ја купиле опремата за трговија со органи

Благодарение на меѓународните донации на Косово се отвораат бројни клиники каде се извршуваат нелегални трансплантации и трговија со човечки органи.

Според српскиот весник Вечерње новости, клиниките ја имаат најсовремената опрема, благодарение на странските донации за кревање на економијата, а потоа во нив се вршат нелегални интервенции.

Потсетувајќи дека косовската полиција пред два дeна за време на контрола на една приватна клиника во регонот на Приштина уапси четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи, Новости пишува дека во последните петнаесетина години на Косово станало вносен бизнис отворањето приватни клиники на кои главно работат нестручни лица.

„Во нив се вршат ваквите незаконски интервенции“, пишува српскиот весник, потсетувајќи дека косовската полицијата и пред нешто повеќе од еден месец уапси лица осомничени за идентично кривично дело.

Новости проценува дека сомнителните клиники на Косово на овој начин вртат милиони евра.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе