Вечерње новости: Косово го изгуби мнозинството во ОН

Косово го изгуби мнозинството во Обединетите нации, откако Гана, како 16 земја, официјално соопшти дека го повлекува признавање на косовската државност.

Како што пишува српскиот весник Вечерње новости, 96 земји и понатаму ја поддржуваат Приштина, додека 97 го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија.

Поранешниот српски амбасадот во ОБСЕ Милован Божиновиќ за весникот вели дека може да се очекува процесот на повлекување на признавањата на Косово да продолжи.

„Иако оваа дипломатска акција на српската влада кај некој дел од набљудувачите во почетокот предизвикуваше недоверба во нејзиниот успех, се покажа дека некои земји, кои инаку не се заинтересирани за случувањата на Балканот, се повеле по погласниот дел од меѓународната заедница околу прашањето на Косово, не навлегувајќи во суштината на нештата. Меѓутоа, кога им беше разјаснето како настана косметскиот проблем и кога ќе сфатат дека нешто слично може да им се случи и ним, особено на државите на африканскиот континент, доаѓа до промена на курсот“, вели Божиновиќ.

Тој додава дека би било „претерано да се каже дека суспендирањето на признавањата ќе биде од кардинално влијание врз решавањето на косовското прашање“, сепак оценува дека „тоа ја менува атмосферата за преговорите, бидејќи во најмала рака се слушнала и другата страна“, што е „нов политички капитал на Србија“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе