Вечерње новости: Интерпол крие кој ја „турка“ Приштина

Приштина тврди дека постои согласност на следната седница на Генералното собрание на Интерпол да се расправа за Косово, а српскиот весник Вечерње новости јавува дека дневниот ред уште не е утврден.

Според весникот, од Приштина велат дека речиси сите членки на извршниот комитет на Интерпол се сложиле за барањето на приемот на Косово да се расправа на претстојното Генерално собрание во Чиле.

Меѓутоа, од седиштето на Интерпол велат дека дневниот ред на тоа заседание ќе се утврди дури во октомври. Дневниот ред на 88 Генерално собрание на Интерпол прелиминарно е разгледуван во јуни, но остана непознато дали имало мнозинство во него да се вклучи барањето на Приштина за прием.

Новости наведува дека го прашале Интерпол како тогаш поединечно гласале земјите членки на Извршниот комитет на Интерпол, но дека не добиле конкретен одговор од светската полициска организација во Лион.

„Извршниот комитет ќе го одобри дневниот ред на 88 Генерално собрание на својата следна средба во октомври. Потоа за дневниот ред се гласа на Собранието, така што во оваа фаза не можеме да пружиме повеќе информации“, кажале од Интерпол за Новости.

Весникот потсетува дека ивршниот комитет на Интерпол има 13 членки – Алжир, Русија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Франција, Бразил, Молдавија, Ангола, Нигерија, Холандија и Јужна Кореја, додека местото на Америка е испразнето.

Од споменатите земји, седум не ја признаваат независноста на Косово.

Генералното собрание на Интерпол ќе заседава од 15 до 18 октомври во престолнината на Чиле, Сантјаго.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе