Поради најновите случувања со судењето за воени злосторства

ВД претседателката на Косово сака прекин на дијалогот со Србија

Вршителката на должноста претседателка на Косово Вјоса Османи побара дијалогот со Србија да се прекине поради најновите случувања околу прашањето за судењето за воени злосторства.

EPA-EFE

Во интервју за Дојче веле, таа оцени дека не е време за продолжување на дијалогот со Србија, во време кога Специјалниот суд за злосторствата на УЧК ги обвини претседателот и лидерите на повеќе политички партии за воени злосторства.

„Мислам дека поради актуелните случувања сега не е моментот дијалогот веднаш да продолжи. Косовските институции треба да одвојат малку време, да се консултираат меѓусебно, да создадат многу поединствен став за дијалогот, бидејќи е неопходно секој кој преговара во име на Косово, за судбината на Косово, да има единствен став на политичкиот спектар а не само на коалицијата која ја претставува“, кажа Османи.

Таа кажа дека ќе го даде својот придонес да разговара со сите за тоа какви би требало да бидат ставовите на Косово во врска со дијалогот.

Прекин на дијалогот побара и претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај дента кога беше потврдено обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.

Тој став на Харадинај на седница на владата на Косово минатата недела го изнесе и министерот за правда, но тој наиде на одбивање од премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе