„Не ги забораваме Украинците и Русите, кои придонесоа за таа победа“

Вчера во Париз одбележана 77-годишнината од победата на сојузниците во Втората светска војна

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Париз присуствуваше на одбележувањето на 77-годишнината од победата на сојузниците над нацистичка Германија, 8 мај 1945 година.

Фото: ЕПА

Со оваа комеморација шефот на француската држава ги почна серијата меѓународни средби, преку видеоконференција разговараше со лидерите на земјите од Г7 за ситуацијата во Украина, а денеска замина во Стразбур по повод Денот на Европа и во Берлин да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Макрон, кој неодамна го презеде својот втор мандат, положи венец пред статуата на генералот Шарл де Гол на дното на авенијата Шанзелизе.

Макрон размени неколку збора со внукот на генералот Де Гол, водачот на Слободна Франција за време на Втората светска војна, пред повторно да стигне до Триумфалната капија со автомобил, придружуван од Републиканската гарда и поздравите на неколку случајни минувачи.

Јавното присуство на оваа церемонија беше дозволено прв пат по две години ограничувања поради пандемијата на коронавирус.

Запрашана за посебниот контекст во кој се одржува овогодинешната церемонија, министерката за култура Розелин Башло им рече на новинарите дека ова е момент што „добива големо значење“ со војната во Украина.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на Твитер напиша: „Мислевме дека војната во Европа исчезна. Денеска е крајот на Втората светска војна во Европа и победата на сојузничките сили над нацистичка Германија. Не ги забораваме војниците што дојдоа од целиот Советски Сојуз, вклучително и Украинците и Русите, кои придонесоа за таа победа.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе