Ватиканската полиција спроведе нов претрес под сомнеж за корупција

Ватиканската полиција изврши претрес на одделот надлежен за одржување и реставрација во базиликата Свети Петар, при што одзела документи и компјутери за да ја истражи потенцијалната корупција.

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Претресот наликувал на оној од октомври минатата година, кој вклучувал уште една истрага во посебен оддел во врска со набавка на зграда во луксузен дел од Лондон.

Во соопштението од ватиканскиот Кабинет за односи со јавноста се вели дека е запленет материјал од техничките и административните канцеларии на конзерваторската установа Фабрика ди Сан Пјетро, која датира од 15 век, од времето пред да започне изградбата на базиликата.

Претресот е нареден врз основа на советите на главниот ревизор, се вели во соопштението, без да се наведат детали. Исто така пишувало дека папата Франциско ќе назначи комесар кој привремено ќе го води одделот.

Комесарот добил задача да го реорганизира одделот и да го ажурира статутот во согласност со папскиот документ од 1 јуни, со кој се воведени нови правила за набавки и расходи за да се намали ризикот од корупција во јавните набавки.

Во изјавата конкретно се спомнуваат новите правила, што може да значи дека претресот имал врска со доделувањето на договорот.

Одделот во моментот ја надгледува реставрацијата на куполата на базиликата, која до неодамна делумно била покриена со скелиња.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе