Ватикан ја осуди родната теорија, велат дека тоа е обид за уништување на природата

Ватикан ја осуди родната теорија како „нејасен концепт на слободата“ и во нови документ наведе дека идејата дека полот е одреден од личните чувства а не од биологијата е обид за „уништување на природата“.

ЛГБТ-заедницата веднаш го критикуваше документот на 30 страници под наслов „Мажот и жената ги создаде Тој“ како штетен и збунувачки и порача дека тој ќе поттикне омраза и нетрпеливост.

Првиот документ на Ватикан за родната теорија го напиша Конгрегацијата за католичко воспитание како „инструкција“ за католичките едукатори за тоа како да се пристапи кон родната теорија а тоа да биде во согласност со црковното учење.

Тој е објавен во време кога лезбијките, геј, бисексуалните и трансродните лица низ целиот свет го прославуваат „Месецот на гордоста“ среде сѐ поголемите настојувања за прифаќање на идејата дека полот е многу покомплексен и пофлуиден од бинарните категории за мажите и жените и дека зависи од многу повеќе фактори отколку од само видливите полни карактеристики.

„Концептот на родот се набљудува како субјективен начин на размислување на секоја личност, која може да одбере пол кој не одговара на неговиот или нејзиниот биолошки пол, а со тоа и на начинот на кој другите ја гледаат таа личност“, се наведува во ватиканскиот документ.

Се наведува дека родните теории „често се основани само на нејасен концепт на слобода во подрачјето на чувствата и желбите или на моменталните желби предизвикани од емоционалните импулси и волјата на поединците, во спротивност со сето тоа што се темели врз вистините на постоењето“.

Извршниот директор на здружението Њу вејз министри Франсис Де Бернардо, кој настојува да ги помири ЛГТБ-католиците и Црквата го нарече списот „грубо погрешно толкување“ на животот на ЛГТБ-лицата кое ќе поттикне насилство врз таа заедница.

„Дезинформациите во документот ќе доведат до тоа семејствата да ги отфрлат своите деца што само ќе го зголеми отуѓувањето на ЛГТБ-лицата од Црквата“, наведе тој во изјавата.

Иако документот не го потпиша папата Франциско, неколку пати се наведени цитати од негови говори и учења и од говори на претходните папи. Тој е издаден без вообичаената конференција за новинарите и без најава за новинарите.

Документот ги осудува теориите што се обидоа „да го уништат поимот на природата“ и „образовните програми и законодавните трендови кои прават радикален прекин со вистинската биолошка разлика меѓу мажот и жената“.

„Документот главно е дијалог со филозофите и со теолозите и е во согласност со другите црковни документи, но не и со научниците, биолозите, психолозите, а особено не со ЛГТБ-лицата, на чии искуства им се даде малку или нималку важност“, објави на Твитер истакнатиот американски језуитски писател, патер Џемс Мартин.

Де Бернардо додаде дека „луѓето не го избираат својот пол, како што тврдат во Ватикан, туку го откриваат низ своите животни искуства“. „Црквата би требало да го почитува и поттикнува овој процес на откривање зашто тоа е процес преку кој поединците го откриваат прекрасниот начин на кој ги создал Бог“, истакна тој.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе