Ватикан ги отвора архивите на „Хитлеровиот папа“: Не се плашиме, Пиј им помагаше на Евреите

Ватикан на 2 март ќе ги отвори архивите од воениот понтификат на Пиј XII за научниците да ги истражат обвинувањата дека ги затворал очите пред холокаустот, но ќе откријат дека тој всушност тајно им помагал на Евреите, изјави вчера ватикански службеник. 

„Мислам дека нема да се пронајде ништо спектакуларно“, рече отец Норберт Хофман, главниот ватикански службеник за односи со Евреите.

Материјалот од времето на понтификатот на Пиј XII (1939 - 1958) ќе биде достапен од март 2020 година, а еврејската заедница желно го очекува.

Многу Евреи сметаат дека папата не направил доволно за да ги заштити Евреите во Втората светска војна.

Ватикан тврди дека Пиј тајно им помагал на Евреите, сметајќи дека во спротивно би можел да предизвика остра реакција на Третиот рајх и со тоа да им ја влоши положбата на Евреите, но и на католиците во воена Европа.

Кога папата Франциско во март оваа година одобри декласифицирање на материјалите од понтификатот на Пиј XII, кажа дека неговото наследство се гледа со „некакви предрасуди и претерувања“.

Бискупот Серџо Пагано, префект на Ватиканските архиви, кажа дека документите од Втората светска војна содржат милиони страници поделени во 121 тематска целина.

Салата во која може да се прегледуваат документите има 60 места и сите се резервирани до крајот на годинава.

„Секое лице ќе може да извлече сопствени заклучоци, но ние не се плашиме. Добрините што ги правел Пиј се толку големи во однос на неколку сенки“, смета Пагано.

Хофман рече дека „Пиј XII беше повлечен дипломат и многу, многу внимателен човек“.

„Во услови на окупација беше тешко да се вика на цел глас“, истакна Хофман, кој е Германец.

Прашан за ставот на Католичката црква дека Пиј во тие околности направил сè што можел, Пагано одговори: „Новите документи тоа дополнително ќе го потврдат и ќе го зацврстат“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе