Вашингтон со предупредување до Пекинг: „Неутралните набљудувачи“ да заземат јасен став кон Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен ја повика Кина и други држави да ја прекинат „гнасната војна“ која Русија ја води во Украина, предупредувајќи дека оние кои ќе се обидат да ги поткопаат западните санкции ќе сносат последици.

EPA-EFE

Зборувајќи пред Атлантскиот совет во Вашингтон, Јелен кажа дека таа „длабоко се надева“ дека Кина ќе извлече нешто позитивно од „специјалниот однос“ со Русија и истакна дека позицијата на Пекинг во светот ќе биде загрозена ако тоа не се случи.

„Кина не може да очекува глобалната заедница да ги почитува идните повици на Пекинг за суверенитет и територијален интегритет доколку не успее да ги испочитува истите тие принципи во Украина, сега кога тоа е битно“, кажа таа.

„Реакцијата на Кина на нашиот повик на одлучна акција кон Русија ќе се одрази на ставот на светот кон Кина и спремноста да прифати идни економски интеграции“, кажа Јелен.

Додаде дека војната на Русија и Украина ќе се одрази на глобалниот економски раст и дека американската влада е решителна во својата посветеност Русија да одговара за нејзиното „гнасно однесување“ и кршењето на меѓународно право.

„Бидете уверени дека додека (рускиот претседател Владимир) Путин не ја заврши својата гнасна војна, администрацијата на (американскиот претседател Џо) Бајден ќе работи со нашите партнери за да ја турне Русија во понатамошна економска, финансиска и стратегиска изолација“, кажа таа.

Руската инвазија поттикна многу земји и компании да преземат заеднички чекори и да ги прекинат бизнис врските со Москва, на начин кој би помогнал во обликување на глобалната реакција на „други глобални предизвици“, кажа американската министерка.

Таа ги предупреди државите кои „сè уште набљудуваат од страна, можеби барајќи шанса да профитираат од зачувувањето на односите со Русија и да ја пополнат празнината настаната од повлекувањето на другите“ дека нивните мотиви се краткорочни.

„Иднината на нашиот поредок, и во поглед на мировната безбедност и на економскиот просперитет, е доведена во прашање“, кажа Јелен. „Да бидеме јасни, единствената коалиција нема да биде индиферентна на постапки кои ги поткопуваат воведените санкции“.

Коментарите на американската министерка за финансии следат само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ја предупреди Индија, која не ѝ воведе санкции на Москва, дека купувањето големи количества нафта од Русија не е во интерес на Индија и дека може да ја загрози реакцијата на САД на војната во Украина.

Вашингтон и сателитите се обидуваат да извршат притисок врз Индија, Кина и другите неутрални држави да заземат став против Русија и руската „специјална воена операција“ во Украина.

Јелен кажа и дека се неопходни промени за „модернизација“ на институциите креирани на крајот на Втората светска војна, вклучувајќи ги Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, за да се решат проблемите на 21 век кои доведоа до актуелниот конфликт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе