Вашингтон се обидува да го продолжи рокот за повлекувањето, Русија се нуди да посредува во смирувањето на Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го испратил шефот на ЦИА да се сретне со лидерот на талибанците, објавија два американски извори. Директорот на ЦИА Вилијам Брнс се сретнал со талибанскиот лидер Абдул Гани Барадар во Кабул, кажале неименуван американски функционер и извор запознаен со активноста на владата.

EPA-EFE

Состанокот се одржал додека Американците се обидуваат да ги евакуираат своите државјани и сојузниците, среде хаосот на аеродромот во Кабул и пред истекувањето на рокот за таа операција на 31 август.

За средбата на шефот на ЦИА и Барадар, кој мина осум години во затвор откако пред 11 години беше уапсен во заедничка акција на американската агенција и Пакистан, прв јави Вашингтон пост.

По ослободувањето од затвор во 2018, Барадар беше главниот преговарач на талибанците во мировните преговори со САД во Катар. Во рамки на преговорите се сретна со државниот секретар по поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поранешниот шеф на ЦИА Мајк Помпео.

Бајден минатата недела објави дека американски војници би можеле да останат во Авганистан по истекот на рокот следната недела за до крај да ја спроведат евакуацијата на населението.

Вашингтон пост во својот напис претпоставува дека разговорот во Кабул веројатно се одвивал во врска со тој рок.

Талибанците најавија дека ќе одбијат какво било барање на западните сили за негово продолжување.

„Тоа е црвената линија. Американскиот претседател објави дека на 31 август ќе се повлечат сите нивни сили. Ако го продолжат рокот, тоа значи дека се продолжува окупацијата, иако тоа не е потребно“, кажа вчера претставник на талибанците во Доха.

Истовремено, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е против доаѓањето на авганистански бегалци во централна Азија, поранешниот советски регион меѓу Русија и Авганистан, како и таму да се стационираат американски војници.

„Ако мислите дека која било држава во централна Азија или на друго место сака да стане одредиште за Американците да ги остварат своите иницијативи, се сомневам дека тоа некој го сака“, кажа Лавров при посетата на Унгарија.

Додаде дека Русија и Кина се заинтересирани да бидат посредници во решавањето на кризата во Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе