Вашингтон се надева дека Северна Кореја ќе се ослободи од нуклеарното оружје до крајот на Трамповиот мандат

Соединетите Држави се надеваат дека „главниот дел од разоружувањето на Северна Кореја ќе се спроведе до крајот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, за „две и пол години“, изјави синоќа во Сеул американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Се надеваме дека тоа ќе го постигнеме за две и пол години, во првиот претседателски мандат“ кој завршува кон крајот на 2020, изјави тој одговорајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали на самитот на Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во вторникот во Сингапур бил подготвен временски план во тој контекст, тој кратко кажа: „Се надева дека тоа ќе се оствари до тогаш, но пред нас има уште многу работа“.

Двајцата лидери на средбата во Сингапур потпишаа заедничка изјава во која Северна Кореја се обврзува на „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“. Таа нејасна формулација за која има повеќе толкувања и која е продолжение на старите, никогаш реализирани ветувања на Пјонгјанг, е мета на критики на голем број експерти бидејќи не ги спомнува другите два главни услови на Вашингтон, а тоа е денуклеаризацијата да „може да се надгледува“ и да биде „неповратна“.

На прашањето зошто ги нема тие два услови, Помпео налутено кажа дека тие два услови всушност се опфатени со поимот „целосна денуклеаризација“.

„Тоа го има во изјавата, се лажете“, истакна тој, „бидејќи целосна значи неповратна и да може да се надгледува. Можеме да зборуваме за овој или оној збор, но ве уверувам дека тоа го има во документот“.

„Нема целосна денуклеаризација без проверка и доказ“, додаде американскиот државен секретар, напоменувајќи дека „почнува да се разговара за начинот“ на самата проверка.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе