„Да живее народот на Америка!“

„Вашингтон сака да ги прати своите синови да умрат во апсурдна војна“, вели Мадуро во отворено писмо до САД

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја критикуваше воинствената реторика на Вашингтон кон неговата земја, во отворено писмо упатено до американскиот народ.

Мадуро објави фотографија од писмото на својот профил на Твитер, велејќи дека тоа ќе биде доставено до Белата куќа, барајќи почитување на „неотуѓивото право на Венецуела на мир“.

Во писмото Мадуро ги критикува агресивните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп против него - дека Мадуро е нелегитимен диктатор, како и навестувањето воена интервенција.

Мадуро го обвини Трамп за „попречување на иницијативите за благороден дијалог“, кои беа промовирани од Уругвај и Мексико и поддржани од Карипската заедница (КАРИКОМ). Тие имаат за цел „мирно решавање и дијалог поволни за Венецуела“.

Венецуелците се подготвени да „продолжат да бидат деловни партнери“ со САД, додека политичарите во Вашингтон се подготвени да ги испратат „синовите и ќерките“ на својата земја да умрат во апсурдна војна, пишува Мадуро.

Претседателот на Венецуела побара САД да ја сопрат својата агресија против Венецуела, вклучувајќи и обиди за „задушување на нашата економија“ и „сериозни и опасни закани за воена интервенција“. Тој се потпишал со фразата „Да живее народот на Америка!“

Администрацијата на Трамп ги преводи повиците за соборување на Мадуро, признавајќи го лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за легитимен лидер на земјата, во што го следат повеќе европски земји. Неколку други земји - меѓу кои и Русија, Кина и Турција - го поддржуваат Мадуро како легитимно избран претседател и ги осудија активностите на Вашингтон како обиди за поттикнување на државен удар.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе