Вашингтон пост: Турција има доказ дека саудискиот новинар бил убиен во конзултатот во Истанбул (ВИДЕО)

Турската влада ги информирала американските функционери дека има тонски и видео доказ дека исчезнатиот саудиски новинар Џамал Хашоги бил убиен и исечен на парчиња во конзултатот на својата земја во Истанбул, јавува денес Вашингтон пост.

Весникот, чиј колумнист беше Хашоги, се повикува на изјави на неименувани државни службеници дека снимките покажуваат дека саудиски безбедносни оперативци го уапсиле Хашоги на 2 октомври кога дошол во конзулатот по документ кој му бил потребен за венчавка.

Асошиејтед прес засега не може да ги потврди тие тврдења, а турските претставници не сакале да ги коментираат.

Саудиска Арабија ги отфрли како „неосновани“ обвинувањата дека стои зад киднапирањето на Хашоги, но не понуди ниеден доказ за своите тврдења дека новинарот излегол од конзултаот во Истанбул и потоа исчезнал, иако свршеницата го чекала во близина.

Делегација на Саудиска Арабија пристигна денес во Турција во рамки на истрагата за исчезнувањето на хашоги и ќе разговара со турски претставници во текот на викендот, пренесува Анадолија.

Анкара вчера соопшти дека Турција и Саудиска Арабија ќе формираат „заедничка работна група“ која ќе работи на исчезнувањето на Хашоги.

59-годишниот Хашоги, кој беше сметан за близок на саудиското кралско семејство, стана критичар на својата земја и принцот Мохамед бин Салман, 33-годишниот наследник на круната кој спроведува реформи, но не е толерантен кон критиките.

Хашоги од минатата година живееше во САД, каде се засолни од страв дека ќе биде уапсен, а за Вашингтон пост кратко пишуваше за Саудиска Арабија. Ја критикуваше нејзината воена интервенција во Јемен, неодамнешниот дипломатски спор со Канада и апсењата на активистите за права на жените.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе