Вашингтон пост: Русија му обезбедува на Иран сателит за шпионирање

Русија ќе му обезбеди софистициран сателит на Иран што значително ќе ги подобри можностите на таа земја да шпионира, пишува американскиот весник Вашингтон пост.

EPA-EFE

Сателитот Канопус-V, опремен со камера со висока резолуција, ќе му овозможи на Иран да ги надгледува инсталациите на противниците низ Блискиот Исток, прецизира весникот повикувајќи се на добро упатени извори.

Информацијата е објавена неколку дена пред самитот на 16 јули во Женева кога треба да се сретнат рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Џо Бајден. Како што додава Вашингтон пост, сателитот би можел да биде лансиран во следните месеци и тоа од Русија.

Дури и ако тој сателит го нема капацитетот на американските сателити, Иран би можел да го користи за шпионирање на одредени локации.

„Тоа предизвикува страв од размена на информации со Јемен, Ирак или Либан, покрај информациите за развој на беспилотни летала и балистички проектили“, изјави за американскиот весник еден од изворите.

Со набавката на тој сателит Техеран ќе има поголема можност да го надгледува Заливот, израелските бази и американската војска во Ирак.

Франс прес потсетува дека информациите на Вашингтон пост доаѓаат во ек на разговорите на големите сили на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година по едностраното повлекување на САД во 2018 за време на американскиот претседател Доналд Трамп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе