Во пресрет на претседателските избори

Вашингтон пост го поддржа Бајден, Трамп е „најлошиот претседател на модерната ера“

Престижниот американски весник Вашингтон пост соопшти денес дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите на 3 ноември против Доналд Трамп, кого весникот го окарактеризира како „најлошиот претседател на модерната ера“.

EPA-EFE

Во воведот весникот оценува дека Бајден, поранешниот потпретседател на САД, со 77 години е „исклучително добро квалификуван според темпераментот и искуството да се соочи со колосалните предизвици во следните четири години“.

Вашингтон пост во 2016 година ѝ изрази поддршка на демократската кандидатка Хилари Клинтон наспроти Доналд Трамп.

Четири години подоцна републиканскиот милијардер се кандидира за нов мандат на раскрсницата на повеќе историски кризи – пандемијата на ковид-19 во која умреа над 200.000 луѓе во САД и тешко погодената економија, како и длабокото движење на гневот против расизмот и полициската бруталност.

Весникот наведува дека во светот „авторитаризмот е во целосен подем наспроти повлекувањето на демократијата“ и дека „планетата е во опасност од климатските промени“ и додава дека Доналд Трамп сите тие кризи „ги создаде, засили или игнорира“.

„За да го избркаат најлошиот претседател на модерната ера бројни гласачи би можеле да бидат спремни да гласаат за кого било“, признава Вашингтон пост оценувајќи дека изборите се пред сѐ референдум за 74-годишниот Доналд Трамп.

Весникот додава дека „за среќа“ гласачите нема да мора „да го спуштат својот критериум“ на 3 ноември, и укажува на големото искуство на поранешната десна рака на претседателот на САД Барак Обама.

Вашингтон пост потсетува на доаѓањето на Обама и Бајден во Белата куќа во 2009 во екот на економската и финансиска криза и Бајденовата улога во преговорите со републиканците и демократите во Конгресот за да се добие план за спасување на економијата.

Весникот, кој е во сопственост на мултимилијардерот Џеф Безос, наведува дека Бајден би бил во состојба подобро да ги постави САД како капиталистички конкурент на Кина истовремено обновувајќи ги меѓународните сојузи кои Трамп ги олабави.

Повеќе големи весници како Чикаго трибјун, Лос Анџелес тајмс му дадоа поддршка на Бајден, но останува да се изјасни Њујорк тајмс.

Бајден ја доби поддршката и од умерените истакнати републиканци, но и од славните личности. Прогласувајќи се за независен центристички гласач холивудскиот глумец Двејн Џонсон, познат како „Карпата“ (The Rock), во неделата ја објави својата поддршка за демократскиот претседателски кандидат, за првпат поддржувајќи некој од претседателските кандидати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе