Вашингтон пост го опиша лидерот на ИСИС како „скромен верски авторитет“ (ФОТО)

Вашингтон пост е на мета на жестоки критики и исмејување откако ја објави посмртницата на Багдади со навистина бизарен наслов: „Абу Бакр ал Багдади, скромниот (или строг) верски авторитет на челото не Исламска држава, умре на возраст од 48 години“.

Оригиналниот наслов на написот кој беше објавен во неделата беше, додуша, многу поприкладен: „Абу Бакр ал Багдади, главниот терористички командант, умре на возраст од 48 години“. Но, насловот од непознати причини беше сменет во вториот.

На крајот, по два час, беше заменет со трет наслов: „Абу Бакр ал Багдади, екстремистичкиот лидер на Исламска држава, умре на возраст од 48 години“.

Но скандалозниот беше на време забележан и наскоро почна масовно да се шири по социјалните мрежи, со критики дека Вашингтон пост го релативизира бруталниот лидер на најверојатно најопасната терористичка организација во светот, одговорна за смртта, мачењето и ропството на десетици илјади луѓе.

Ал Багдади беше убиен во тајна акција на американски специјалци во регионот Идлиб на северозападот на Сирија, откако со помош на курдските и ирачките разунавачки служби беше откриено неговото засолниште.

Освен насловот, спорен е и воведот на написот на Вашингтон пост, во кој Ал Багдади се опишува како „скромен верски авторитет со очила со тенка рамка кој не беше познат по капацитетот за борба и убивање“, во времето кога дојде на чело на тогашната ИСИС во Ирак во 2010.

Портпаролката на Вашингтон пост, Кристин Корати Кели, дополнително објасни дека изборот на насловот бил грешка. „Околу нашата посмртница за Ал Багдади, насловот не требаше да биде таков и ние брзо го променивме“.

Таа за Си-ен-ен изјави дека репортерите на Вашингтон пост „минаа години во Ирак и Сирија документирајќи го дивјаштвото на ИСИС, најчесто со голем личен ризик“. „За жал, насловот напишан во брзање за да се отслика потеклото на Ал Багдади и ИСИС не ја прикажа таа бруталност“, додаде таа.

Вашингтон пост особено жестоко го критикуваа поддржувачите на претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека весникот ја ублажил сликата за Багдади за да ги намали заслугите на Трамп. Тоа, меѓу другите, го направи и поранешниот портпарол на Трамп Шон Спајсер, кој и самиот беше предмет на исмејување поради неговото славно инситирање дека Трамповата инаугирација ја имала „најголемата публика во историјата“.

А наскоро следеа и смешни пародии на насловот, со посмртници за сериски убијци, диктатори и филмски негативци како Џефри Дамер, Јосиф Сталин и Бејн, напишани во ист стил како текстот за Ал Багдади на Вашингтон пост.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе