Вашингтон одобри продажба на 105 авиони Ф-35 на Јапонија

Соединетите Американски Држави одобрија продажба на 105 „невидливи“ авиони Ф-35 на Јапонија во вредност што се проценува на 23,11 милијарди долари.

EPA-EFE

Јапонија побарала 63 авиони Ф-35А, класичната верзија на борбениот авион преполн со електроника и наменет за военото воздухопловство и 42 Ф-35Б, верзијата на која за полетување ѝ е потребна многу кратка писта и која може да слета вертикално, а наменета е за носачи на авиони, потсетува Стејт департментот во соопштение.

Американската дипломатија одлучи да даде зелено светло на продажбата „која ќе ја зајакне безбедноста на нашиот голем сојузник“ во Азија и на Пацификот, се истакнува во соопштението.

„За САД е исклучително важно да ѝ помогне на Јапонија да ја развие и зачува способноста за цврста и ефикасна самоодбрана“, додава американската дипломатија.

Поради брзата модернизација на кинеската војска, Јапонија реши во следните десет години да набави 105 Ф-35А, и 42 Ф-35Б.

Јапонската влада на крајот на 2018 одобри петгодишен одбранбен план кој опфаќа набавка на два носачи на авиони, први по завршувањето на Втората светска војна.

Јапонскиот воен буџет за 2020/2021 достигна рекордни 50,3 милијарди долари поради финансирањето на набавката на американските Ф-35.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе