Вашингтон: Ќе има последици во случај на руска агресија на Украина

„Ќе има последици во случај на руска агресија во Украина“, предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкен и ја изрази загриженоста на Соединетите Американски Држави поради трупањето руски сили на украинската граница.

EPA-EFE

„На границата има повеќе руски единици отколку кога било од 2014 за време на првата руска инвазија“, оцени Блинкен во разговорот кој денес го објави каналот Ен-би-си и ја повтори проценката на Белата куќа од оваа недела.

Американскиот претседател Џо „Бајден беше јасен: ако Русија постапи непромислено или агресивно, скапо ќе ја чини, ќе има последици“, додаде тој не прецизирајќи го можниот одговор.

Блинкен, кој за ова прашање во петокот телефонски разговарал со францускиот и германскиот колега, истакна дека „Соединетите Држави и европските партнери ја делат загриженоста“.

Во војната на истокот на Украина, во регионот Донбас, која почна во април 2014 по прозападниот бунт во Украина и руската анексија на Крим, загинаа повеќе од 13.000 луѓе и 1.5 милиони се раселени.

Интензитетот на конфликтот опадна по мировните преговори во Минск во 2015 но политичко решение не е најдено.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе