Вашингтон: Кина не ги крши санкциите против Русија и не ѝ испраќа оружје

Соединетите Американски Држави не забележале дека Кина системски ги избегнува санкциите или ѝ дава воена опрема на Русија, изјави висок американски функционер. Тој ја даде изјавата како реакција на мерките на американското министерство за трговија кое во вторникот додаде пет кинески компании на црната трговска листа поради наводна поддршка на руската одбранбена индустрија.

EPA-EFE

Објасни дека преземените мерки се однесуваат на одделни кинески компании, а не на владата.

Вашингтон веќе предупреди на последици, вклучувајќи санкции, ако Кина понуди материјална поддршка на руските воени напори, но истакна дека сè уште немаат откриено отворена кинеска воена и економска поддршка на Москва.

Како што за Ројтерс изјавил анонимниот функционер, Кина на Русија не ѝ пружа материјална поддршка, па ни во вид на воена опрема.

„Не сме забележале Народна Република Кина да се бави со системско избегнување на санкциите или да ѝ испорачува воена опрема на Русија“, додаде тој.

Поради инвазијата на Украина, САД со своите сателити решија да ја казнат Русија, па и со додавање на низа руски компании и олигарси на црната трговска листа.

Од друга страна, Кина одби да ги осуди постапките на Русија критикувајќи ги острите западните санкции против Москва.

Пекинг објави и дека не пружил воена помош на Русија или на Украина, но дека ќе преземе „нужни мерки“ за да ги заштити правата на своите компании.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе