Ван дер Белен официјално ја распушти австриската влада

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денес официјално ја распушти владата на земјата, еден ден откако на канцеларот Себастијан Курц во парламентот му е изгласена недоверба.

Потегот на претседателот следи десет дена од објавувањето на видеоснимката од Ибица снимена пред две години, на која се гледа како досегашниот коалициски партнер на Курц, Хајнц Кристијан Штрахе, лидерот на крајно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), на наводна внука на руски олигарх ѝ ветува државни тендери доколку купат поголем дел од австрискиот весник Кронен Цајтунг и ја подржат неговата партија.

Курц потоа ја раскина владејачката коалиција на својата конзервативна Народна партија на Австрија (ОВП) со ФПО и повика на предвремени парламентарни избори.

Откако ќе одржи разговори со сите страни за да пронајде соодветни кандидати, Ван дер Белен следната недела треба да именува привремена влада која ќе ја води земјата до изборите.

Додека владата не биде формирана, Ван дер Белен привремено ги задржа истите министри во кабинетот, додека функцијата канцелар ќе ја извршува досегашниот заменик на Курц и министер за финансии Хартвиг Легер.

Ван дер Белен ја искористи приликата да ги предупреди сите страни да ја ублажат својата реторика и да се вклучат во конструктивен дијалог.

„Мислам дека сегашната ситуација покажува колку се важни разговорите“, рече австрискиот претседател.

За време на бурното заседание во парламентот, Социјалдемократската партија и ФПО го обвинија Курц дека тежнее кон консолидирање на моќта. Двете партии потоа гласаа за недоверба во неговата влада.

Поттикнати од освојувањето на првото место на изборите за Европскиот парламент во неделата, Курц вчера вети дека неговата партија ќе се врати на власт уште посилна по изборите во септември.

„Луѓето ќе одлучат во септември и јас сум среќен за тоа“, рече Курц пред поддржувачите во Виена.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе