Вакцините на Фајзер и Астра зенека ги намалиле хоспитализациите во Шкотска за 85% и 94%

И вакцините на Фајзер и на Астра зенека против ковид имаат влијание во намалувањето на ризикот за прием во болница поради коронавирусот, вели ново истражување.

Фото: ЕПА

Истражувањето открило дека до четвртата недела по првата доза на вакцината хоспитализациите во Шкотска се намалиле за 85 проценти со вакцината на Фајзер и за 94 проценти со вакцината на Астра зенека.

Анализата вклучила експерти од Шкотското јавно здравство (ПХС) и универзитетите во Единбург, Стратклајд, Абердин, Глазгов и Сент Ендрјус, кои ја испитувале евиденцијата на вакцинација, прием во болница, регистрација на смрт и резултати од лабораториски тест кај луѓе што ја примиле првата доза на вакцина, во споредба со оние што сè уште не ја примиле.

Научниците ги гледале податоците од оние што примиле или вакцина од Оксфорд/Астра зенека или вакцина од Фајзер/Бајонтек.

Истражувањето открило дека четири недели по приемот на првата доза, вакцината на Оксфорд го намалила ризикот за прием во болница за 94%, а таа на Фајзер го намалила ризикот за 85% помеѓу 28 и 34 дена по почетната доза.

Овие прелиминарни податоци од проектот ЕАВЕ II опфаќаат 1,14 милиони вакцинации направени помеѓу 8 декември 2020 и 15 февруари 2021 година.

Севкупно, анализата покажала дека само нешто повеќе од 8.000 луѓе биле примени во болница.

Заедно со ова, податоците за двете вакцини заедно покажале дека намалувањето на ризикот од прием во болница четири недели по првата доза на вакцини кај оние над 80-годишна возраст е 81 процент.

Главниот истражувач, професорот Азиз Шеик, директор на Ашер институтот на Универзитетот во Единбург, рече дека овие резултати обезбедуваат оптимизам за иднината.

„Овие резултати се многу охрабрувачки и ни даваат големи причини да бидеме оптимисти за иднината.“

„Примената на првата доза на вакцините сега треба да се забрза на глобално ниво за да се помогне во надминување на оваа страшна болест“.

Во однос на употребата на вакцините Фајзер и Астра зенека во другите делови на светот, студискиот тим рече дека наодите од анализата се применливи и за други земји што ги користат двете вакцини.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе