Вакцините можеби не се ефикасни против новиот сој

Фото: ЕПА

Министерот за здравство на Велика Британија Саџид Џавид порача дека вакцините против ковид-19 би можеле да бидат помалку ефикасни против новооткриената варијанта на коронавирусот. „Тоа што го знаеме е дека тука постојат значителен број мутации, можеби двојно поголем број од мутациите што ги видовме во варијантата Делта”, им кажа Џавид на новинарите, пренесува Ројтерс.

Според британскиот министер, тоа укажува дека таа би можела да биде позаразна и дека сегашните вакцини што ги имаме на располагање би можеле да бидат неефикасни.

Научниците предупредија дека новиот сој на коронавирусот, кој има „екстремно голем број” мутации, може да предизвика нови бранови на болеста, заобиколувајќи ги одбранбените механизми на организмот.

Со геномско секвенцирање се потврдени само 10 случаи на оваа варијанта на вирусот во три земји, но овој сој предизвика сериозна загриженост меѓу некои истражувачи, зашто многубројните мутации може да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот, пренесува Гардијан.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во шилестиот протеин, делот на вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против ковидот.

Оваа варијанта првпат е забележана во Боцвана, каде што со секвенцирање е потврдена кај три случаи, а уште шест се потврдени во Јужноафриканската Република и еден случај во Хонгконг кај патник што се враќал од Јужна Африка, наведува британскиот весник.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе