Вакцинирањето против коронавирусот во Бугарија почнува во недела

Вакцинирањето против ковид-19 во Бугарија ќе почне во недела, на 27 декември.

EPA-EFE

Кампањата за вакцинирање ја организираат регионалните здравствени инспекции, а вакцините ќе ги даваат лекарите во медицинските институции за амбулантна и болничка нега, во регионалните здравствени инспекторати, како и лекари во специјализирани структури во рамки на министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана и во мобилни тимови.

Во случај на потреба ќе бидат мобилизирани и медицинските работници од ургентните центри, други медицински институции, градинките и школите, се наведува во одредбата на министерството за здравство на Бугарија.

Вакцинирањето ќе се одвива на доброволна основа и ќе биде бесплатна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе