Масовна вакцинација од јануари

Вакцинирање во Србија од утре, прво во домовите за стари лица

Вакцините се набавени билатерално, самостојно, а Србија веројатно е единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави одреден број вакцини, изјави Вучиќ пред новинарите во Голубинци.

Фото: ЕПА

Вакцинацијата против коронавирусот во Србија почнува утре, најави претседателот Александар Вучиќ и додаде дека прво ќе се вакцинира во домовите за стари лица, бидејќи тие се најзагрозени. Како што рече, ќе биде вакциниран и некој од државниот врв, тој, премиерката или министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, со цел да им се испрати на граѓаните порака за потребата од вакцинација и за безбедноста на вакцината на Фајзер.

Станува збор за вакцината „Фајзер-Бионтек“, од која првите 4.875 дози вчера пристигнаа во Србија, а во јануари, февруари и март, како што најави Вучиќ, ќе пристигнат уште повеќе дози.

Вакцините се набавени билатерално, самостојно, а Србија веројатно е единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, што успеа да набави одреден број вакцини, изјави Вучиќ пред новинарите во Голубинци.

„Тргнуваме веднаш. АЛИМС доби примероци од други вакцини, тие ќе продолжат да си ја вршат работата, а потоа очекуваме поголеми количества. Вакцината е спас, вакцината го спаси човештвото, да ја немаше неа, некои други болести немаше да бидат искоренети“, рече Вучиќ.

Важно е, повтори тој, што поголем број луѓе да бидат заштитени со вакцинација.

Тој рече дека ќе се вакцинира и некој од врвот на државата, како сигнал дека вакцината е неопходна и добра.

„Дали Ана Брнабиќ, јас, Дарија Кисиќ... Ќе видиме. Некого ќе 'оставиме' и за некоја друга, да ѝ дадеме поддршка на секоја вакцина, дека секоја е добра“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија изрази верување дека Србија може да почне со масовна вакцинација кон средината на јануари, доколку сè оди добро со испораката на вакцините.

„Можеби ќе почнеме со вакцинирање стотици илјади луѓе, можеби милион. Ако успееме до крајот на јануари да завршиме со вакцинирање милион луѓе со првата доза, тоа ќе биде важно“, одговори Вучиќ на прашањето како една мала земја како Србија била меѓу првите во набавката на вакцините.

Тој посочи дека Србија не може да им конкурира на земјите од ЕУ, кои кога набавуваат, набавуваат 300 милиони вакцини, па затоа, како што рече, Србија е дел од програмата Ковакс на ЕУ.

Тој посочи дека смета дека преку програмата Ковакс ќе се добијат значителен број вакцини, но дека се снаоѓаат и сами. Рече дека Србија ќе оди по конзервативен пат и дека однапред ќе издвои по две дози за секоја личност.

„Некои земји работат поинаку, даваат една доза, а за 85 случаи е потребна само една. Ние нема да ризикуваме, затоа ќе одделиме две. За да не се случи некој да не добие втора доза“, објасни тој.

Тој повтори дека еден од претставниците на државата ќе прими од првите вакцини и дека и тој ќе го стори тоа. Не го интересира која ќе ја прими, иако некои „експерти“ со контрадикторни ставови тврдат дека некои не се добри.

„Јас ќе ја примам најлошата. Се шегувам, сите вакцини што ги одобрува нашата Агенција за лекови се добри“, рече Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе