Вакцинирани корисници во дом за стари лица во Америка масовно се заразиле со нов сој на корона

Случаи на ковид-19 експлодирале во март во еден пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако невакциниран член на персоналот вовел нова варијанта, покажа студијата на американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објавена во среда.

Вирусот се проширил во таа институција во Кентаки и заразил 44 лица, од кои 24 корисници и 20 негуватели.

Меѓу заразените корисници, 18 од нив биле вакцинирани со две дози Фајзер, а од негувателките 4 примиле две дози, покажа студијата на ЦДЦ, главната американска здравствена агенција.

Ова покажува дека постојат ограничувања кога се работи за вакцинацијата како единствена стратегија во борбата против ковид-19, особено против неговите варијанти, пишува агенцијата Франс Прес.

Иако е клучно, вакцинацијата мора да биде следена со „континуирано внимание на превенција на инфекција и контрола“, потенцираат авторите на студијата, повторувајќи ја важноста на миењето раце, следењето на случаите, изолација на заразените и нивните контакти, сè тоа не врзано со вакцинацијата.

Сепак, тие велат дека меѓу вакцинираните заразени лица, само една третина имале симптоми, наспроти 83 проценти кај невакцинираните.

Само еден од 18 вакцинирани корисници на домот починал, додека меѓу заразените невакцинирани корисници - од кои имало 6 - двајца подлегнале на вирусот.

„Со цел да се заштитат корисниците на пензионерски домови, клучно е негувателите, како и штитениците, да бидат вакцинирани“, заклучуваат авторите на студијата.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе