Вакцината Спутник: несакани ефекти, ефикасност - и дали е безбедна?

Пречекана со скептицизам во текот на летото, за употреба на руската вакцина сега размислуваат и Германија и Франција.

Фото: ЕПА

Имаше голем скептицизам во врска со руската вакцина Спутник V кога се појави на светската сцена минатото лето и беше фалена како првата вакцина одобрена против ковид.

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри вакцината пред да се објават резултатите од испитувањето во фаза 1 или 2 и пред воопшто да почнат испитувањата во последната, трета фаза – кои се важни за утврдување на безбедноста и ефикасноста.

Руските власти или ставија сѐ на коцка или веќе ги имаа добиено раните податоци кога во декември почнаа да ги вакцинираат своите граѓани, вели британски Телеграф. Но се покажа дека тоа коцкање се исплатило кога истражувачите што стојат зад Спутник, именувани по сателитот што Москва прва во светот го испрати во орбитата во 1957 година, во февруари објавија надежни резултати од третата фаза.

Толку надежни, всушност, што Германија и Франција сега разговараат со Русија за воведување на вакцината во своите програми. Меѓу другите земји што веќе почнаа да ја користат се и Аргентина, Унгарија и Пакистан.

Резултатите објавени во рецензираната студија на „Лансет“ - врз основа на испитувањето на 14.964 лица што ја добиле вакцината и 4.902 што примиле плацебо - покажуваат дека вакцината е 91,6% ефикасна во спречувањето зараза. Ова се споредува со околу 70% за вакцината на Астразенека и 95% за вакцината на Фајзер.

Сепак, ефикасноста не е единственото важно нешто кога станува збор за вакцините против ковид-19. Сите главни вакцини, вклучително и Спутник и Астразенека, досега се покажаа целосно ефикасни во спречувањето тешки случаи - оние што доведуваат до хоспитализација или смрт.

Вакцината, развиена од истражувачи од московскиот институт Гамалеја, се базира на вирусот на настинката. Истражувачите користеле два различни аденовирусни вектори - истиот метод како и со вакцините Астразенека и Џонсон и Џонсон - администрирани одделно во прва и втора доза, на растојание од 21 ден.

Употребата на два различни аденовируси го намалува ризикот телото да развие имунолошки одговор на првиот вектор и да реагира на него кога ќе се даде засилувачката доза. Научниците веруваат дека веројатно затоа Спутник постигнал подобри резултати во однос на ефикасноста од вакцината на Оксфорд-Астразенека, која користела само еден аденовирус.

Што се однесува на безбедноста, пријавени се 7.966 несакани дејства - од кои 94% се сметаат за „прв степен“, што значи дека биле лесни, како што се главоболки, болка на местото на инјектирање - и не било потребно понатамошно лекување или следење. Имало 45 тешки несакани дејства во групата што ја примила вакцината и 23 во групата што примила плацебо, но истражувачите велат дека ниту едно не е поврзано со вакцината. Четири лица што учествувале во истражувањето починаа – но повторно, ниту една смрт не била поврзана со вакцината Овие резултати се слични на тие од другите вакцини против ковид.

Научниците ги поздравија резултатите кога беа објавени во февруари. Д-р Пени Вард, визитинг-професор по фармацевтска медицина на Кралскиот колеџ во Лондон, рече: „Како што се очекуваше со оглед на потеклото на оваа програма во Институтот Гамалеја, ова е студија со добар квалитет што ја потврдува клиничката ефикасност на вакцината со комбинирани вирусни вектори на Гамалеја“.

Д-р Питер Инглиш, консултант за контрола на заразни болести, ја поздрави вакцината како „уште една мошне ефикасна вакцина во нашата оружарница!“

Но тој ја доведе во прашање руската стратегија за вакцинирање.

„Спроведувањето на една вакцина кај голема популација пред да ги видите резултатите од фазата III е многу ризично и дефинитивно не се препорачува. Етиката на давање производ што има потенцијал да ве разболи (или да ве доразболи) е крајно различна кога им давате вакцина на голем број здрави пациенти, отколку кога му давате лек на сериозно болен пациент, кој можеби е спремен да ризикува.“

„Освен што не ни се познати ефикасноста или веројатноста за штета, постои потенцијал сериозно да се наруши довербата кај сите други вакцини“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе