Вакцината против коронавирусот може да биде достапна до крајот на годинава, вели европската комесарка за здравство

Во интервју за германски Ханделсблат, Стела Киријакидес е уверена: нема долго да го чекаме пресвртниот чекор напред во борбата против болеста.

Фото: ЕПА

Вакцинацијата против новиот коронавирус САРС-КоВ-2 е на повидок - барем според мислењето на Европската комисија.

„Иако во овој момент сè уште е ризично да се предвидува, имаме добри знаци дека првата вакцина може да биде достапна до крајот на оваа година или почетокот на следната“, рече eвропската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, во интервју за интернет-изданието на германскиот весник.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, но ќе овозможи постепено враќање на нормалноста, рече таа, под услов да се вакцинираат „критична маса граѓани, особено оние во ризичните групи“.

Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна, бидејќи нејзиниот развој може да трае со години или, теоретски, може да се покаже и невозможен.

Комесарката исто така предупреди и на сè поголемиот број помали и поголеми жаришта на коронавирусот во неколку земји-членки на ЕУ.

Таа ги повика владите „брзо локално да ги изолираат изворите на заразата со тестирање, пронаоѓање контакти и итно изолирање“ на заразените.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе