Вакцината на Џонсон и Џонсон има голема предност, но црквата ја оспорува нејзината моралност

Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон веќе е одобрена во САД. Едноставно се чува, а исто така штити од бразилскот и јужноафриканскиот сој на вирусот. Наскоро треба да биде одобрена во Европската унија.

Фото: ЕПА

Одлуката на Европската агенција за лекови се очекува овој месец. Така, вакцината на  Џонсон и Џонсон најверојатно ќе биде четвртата одобрена во Европската унија, по вакцините на Фајзер/Бајонтек, Модерна и Астра зенека. Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на Џонсон и Џонсон веќе кон крајот на февруари.

При тоа бројките носеле одредена дилема - во третата фаза од студијата, овие вакцини имале ефикасност од 66 проценти во спречување на умерени и тешки форми на заболување со ковид-19.

Причината што вредноста е помала отколку кај претходно одобрените вакцини се веројатно новите вирусни мутации, кои не биле присутни при тестирањето на другите вакцини.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината на Џонсон и Џонсон е ефикасна и против бразилските и јужноафриканските соеви на вирусот. Во Велика Британија, оваа вакцина сè уште не е користена, така што не се знае многу за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот.

Вакцината на Џонсон и Џонсон има една голема предност - се дава само една доза, повторна вакцинација не е неопходна. Така може многу брзо и многу повеќе луѓе да се заштитат.

Понатамошни тестирања треба да разјаснат дали е можно да се зголеми ефикасноста со примање на две дози на вакцина, како и кај конкурентите.

Вакцините исто така можат да се транспортираат и чуваат на обична температура во фрижидер, бидејќи за разлика од вакцините на компаниите Фајзер и Модерна се работи за векторска вакцина која се базира на вирусот. Според дизајнот, вакцината на Џонсон и Џонсон е слична на онаа на Астра зенека. И двете се фокусирани на спајк-протеинот на површината на вирусот, кој стимулира заштитен имунолошки одговор.

Третата фаза на тестирање, во која учествувале 44.000 луѓе од Соединетите Држави, Бразил и Јужноафриканската Република, покажа дека вакцината на Џонсон и Џонсон била подеднакво ефикасна кај постарите лица како и кај младите. Во однос на вакцината на Астра зенека постојат сомнежи токму со ова прашање.

Што е најважно, никој од вакцинираните не починал ниту морал да оди во болница.

Џонсон и Џонсон планираат да произведат вкупно милијарда дози оваа година. Тие ќе бидат произведени во САД, Европа, Јужноафриканската Република и Индија.

Соединетите Држави обезбедија 100 милиони дози за милијарда долари, кои Џонсон и Џонсон треба да ги испорачаат во првата половина на годината. Тие исто така имаат можност да нарачаат дополнителни 200 милиони дози. ЕУ обезбеди до 400 милиони дози.

Конференцијата на бискупите на САД ги повика католиците при изборот на вакцина против корона доколку е можно, да го избегнуваат производот на Џонсон и Џонсон, пренесе Си-ен-ен.

Еден бискуп изјави дека вакцината е „морално компромитирана и забранета“.

Ова се должи на тоа дека во развојот и производството на вакцината биле користени клетки од ткива на абортирани фетуси. Слични пораки испратија американските бискупи во декември, во врска со вакцината на Астра зенека.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе