Вакцината на Џонсон и Џонсон одобрена во ЕУ, се прима само една доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес условно препорача одобрување на вакцината против ковид-19 од американската компанија Џонсон и Џонсон, која се дава во единечна доза. Така е четврта одобрена вакцина во ЕУ, по вакцините на Фајзер, Модерна и Астра зенека.

EPA-EFE/TIMOTHY D. EASLEY

Европската комисија се очекува да даде зелено светло наскоро оваа вакцина да се пушти на пазарот, а дистрибуцијата до земјите на ЕУ се очекува кон крајот на март или почетокот на април.

Европската комисија нарача 200 милиони дози вакцина на Џонсон и Џонсон, со можност за набавка на дополнителни 200 милиони дози. Сто милиони дози треба да бидат доставени до јуни.

Сепак, Џонсон и Џонсон ја предупредија Европската унија пред два дена дека проблемите со снабдувањето можат да го комплицираат планот за испорака на 55 милиони дози вакцини во вториот квартал од годината.

Компанијата се обврза на испорака на 200 милиони дози од својата вакцина оваа година.

„Во согласност со нашиот договор, очекуваме да започнеме со испорака на нашата обврска од 200 милиони дози за ЕУ во вториот квартал на 2021 година“, соопшти Џонсон и Џонсон, одбивајќи да коментира за можните доцнења во испораката.

Секое ново доцнење би бил дополнителен удар врз европскиот план за вакцинирање, кој веќе е отежнат со намалените пратки на производителите на вакцини и бавното воведување на вакцинацијата кај многу членки на блокот.

За разлика од вакцината на Фајзер или Модерна, онаа на Џонсон и Џонсон може да се транспортира и чува во обичен фрижидер.

Исто така, вакцината на Џонсон и Џонсон има една голема предност - се дава само во една доза, повторна вакцинација не е неопходна. Така може многу побрзо и многу повеќе луѓе да се заштитат.

Глобалното клиничко испитување на примерок од 44.000 луѓе покажа дека вакцината на Џонсон и Џонсон еден месец по вакцинирањето била 66 проценти ефикасна во спречување на сериозно заболување од ковид-19 и 100 проценти во спречување на хоспитализација и смрт.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината е ефикасна и против бразилскиот и јужноафриканскиот сој на вирусот. Во Велика Британија, оваа вакцина сè уште не е користена, така што не се знае многу за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TIMOTHY D. EASLEY

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе