Вакцинација во Црна Гора: се почнува со Фајзер, наскоро и кинеска и руска вакцина

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, изјави дека здравствените власти планираат да почнат вакцинирање на населението против коронавирусот со вакцината на Фајзер, и да продолжат со кинеска и руска вакцина.

Фото: ЕПА

Таа за ТВЦГ изјави дека планот е вакцинирањето во Црна Гора да почне со вакцината на Фајзер, но дека сакаат во исто време брзо да се почне и со вакцинација со кинеска и руска вакцина.

„Ние сакаме граѓаните да не мора да се вакцинираат само со една вакцина, туку да обезбедиме различни вакцини што се подеднакво добри и безбедни“, истакна Боровиниќ-Бојовиќ.

Министерката рече дека се потпишани договори со руската вакцина Спутник V, која ќе пристигне во Црна Гора скоро истовремено со кинеската.

Коментирајќи ги најновите мерки, поради кои дел од јавноста во Црна Гора изрази незадоволство, министерката рече дека секогаш се води сметка за сѐ и дека мерките не се преземаат за некој да биде оштетен.

Таа оцени дека епидемиолошката состојба во земјата е стабилна и под контрола и посочи дека зафатеноста на болничките капацитети со единиците за интензивна нега на територијата на државата во моментов е 44 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе