Вака Индонезијците се пресметуваат со нелегалните рибари (ВИДЕО)

ИНдонезијците со години имаат проблем со рибарите кои пристигнуваат од целиот свет и нелегално ловат во територијалните води на Индонезија.

Затоа прифатија нова, можеби радикална, но секако ефикасна стратегија: запленување и уништување на сите бродови на нелегални рибари кои ги затекнуваат во своите води.

Досега индонезиската министерка за риболов Суси Пудџастути наредила да се запленат и разнесат над 170 пловила од неколку држави кои биле фатени како нелегално рибарат во водите на нејзината држава.

„Ова не е ништо насочено против која било земја. Ова е против криминалот“, порача Пудџастути.

Зошто Индонезијците се решиле за оваа навидум екстремна метода? Затоа што нелегалниот риболов ги чини милијарди долари годишно, но и, што е поважно, ги уништува некогаш нечепнатите морски екосистеми и долгогодишната рибарска традиција.

Индонезија е дом на 60 отсто од светската популација на корали. Тие корали градат корални гребени кои потоа служат како мрестилишта за илјадници видови риби. Индонезиските корални гребени се едни од биолошки најбогатите области во светот.

Освен тоа, економијата на Индонезија зависи од здравјето на нејзините поморски и крајбрежни ресурси. Другите земји, кои со претераниот риболов ги уништиле сопствените области за рибарење, сега нелегално влегуваат во водите на другите држави за да им го земат она што им останало.

Во научниот напис за реномираниот магазин Нејчр, насловен „Брзите и трајните добивки од решавањето на нелегалниот риболов“, група научници тврди дека вкупниот комерцијален риболов се намалил за 25 отсто откако земјата ги вовела, да ги наречеме, експлозивните казни.

„Наместо да врши притисок врз локалните легални риболовци за да го обнови рибниот фонд, индонезиската влада се фокусираше на нелегалниот, непријавен и нерегулиран риболов, кој е голем проблем во Индонезија“, вели главната авторка на студијата, научничката од Рибарскиот универзитет на Калифорнија Рениел Кабрал.

Индонезиската влада вели дека од октомври 2014, кога ја усвоила стратегијата, потопила над 500 запленети нелегални рибарски бродови, главно користејќи експлозив.

Научниците сметаат дека примената на оваа стратегија би ги постигнала истите позитивни резултати и во други делови од светот. Можеби и други земји со богат, но загрозен рибен фонд наскоро ќе почнат да го следат нејзиниот пример.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе