В петок вонреден состанок на НАТО за Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека за петок закажал вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на алијансата, по повод развојот на ситуацијата во Авганистан.

Фото: ЕПА

Столтенберг денеска на Твитер соопшти дека ќе претседава со состанокот преку видеоврска, а го свикал „со цел да продолжи тесната координација“ на 30 членки на НАТО и „разговорите за заеднички пристап“ кон авганистанското прашање.

Во вторникот Столтенберг го обвини поранешното раководство на таа земја за брзиот колапс на авганистанските вооружени сили, поддржани од Западот, но и призна дека НАТО мора да се позанимава со недостатоците на сопствената програма за воена обука, пренесува АП.

НАТО ги предводеше меѓународните безбедносни потфати во Авганистан од 2003 година, но на обука на силите на земјата се фокусира од 2014 година.

Алијансата помогна во изградбата на авганистанската армија со околу 300.000 припадници, но таа не им се спротивстави на талибанските екстремисти, кои минатата недела ја презедоа контролата врз речиси целата земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе