„Ужасно е да се замисли што се случувало внатре“: 5 мртви од пукање цевка со врела вода во руски хотел (ВИДЕО)

Пет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а тројца се хоспитализирани со сериозни изгореници откако експлодирала цевка со врела вода во хотел во Русија.

Инцидентот се случил во Перм, околу 1.155 км источно од Москва. Цевката пукнала денеска околу 2 часот по полноќ, по што во малиот хотел, лоциран во подрумскиот кат на станбен комплекс, избликнале пареа и врела вода.

„Имаше пареа, а водата стигна до влезот на хостелот. Се плашам да замислам што се случувало во внатрешноста на зградата“, изјави еден сведок за локалните медиуми.

На видеата од хотелот се гледаат облаци од густа бела пареа што излегуваат низ вратите и еден прозорец.

Пет гости во хостелот загинале, според службите за итни случаи. Уште три жртви на доцни 20-ти и 30-ти години биле хоспитализирани со изгореници на нозете и грбот. Двајца спасувачи, исто така, добиле изгореници на стапалата.

Локалните медиуми објавија дека цевката била изградена пред скоро 60 години. Според документите цитирани од медиумите, компанијата за управување со зградата планирала „целосно“ да го замени системот за греење минатата година, сепак, не е јасно дали навистина е направена некаква работа, вели РТ.

По трагедијата е поведена кривична истрага.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе