Ужасен случај на силување тинејџерка на Косово стигна до Њујорк тајмс

Случај на една тинејџерка што била наводно силувана на Косово се најде на страниците на весникот Њујорк тајмс.

Весникот пишува дека еден косовски портал во февруари објавил шокантна приказна: тинејџерка наводно била континуирано силувана и малтретирана две години, најпрвин од нејзин наставник, а потоа и од еден полицаец, кој наводно и ја натерал да абортира, кога забременила.

Според Њујорк тајмс, Балканот е генерално регион полн со насилство над жените, но оваа приказна шокирала многумина. На Улиците на Косово излегле жени кои застанале во заштита на тинејџерката, извикувајќи пароли против правниот систем на Косово и тамошната полиција, обвинувајќи ги дека не ги штитат доволно жените и нивните права.

Сега тој случај ја тресе и политичката сцена, бидејќи иницирал јавна расправа за споредната положба на жените на Косово. Во парламентот е побарана темелна истрага на случајот. Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој, како што потсетува американскиот весник, ги именува судиите и обвинителите, кажа дека станува збор за „тажен случај“, ветувајќи правда, а премиерот Рамуш Харадинај отвори истрага за злоупотреба на полициската позиција.

„Учесниците во оваа трагедија ќе бидат казнети“, порача Харадинај. Њујорк тајмс додава и дека досега домашните прашања немаа првенство на Косово, бидејќи тоа се обидува да добие признавање на независноста на меѓународен план.

Но, сега овој случај би можел да биде исклучок. Се потсетува дека косовскиот правосуден систем, од полицијата до судовите, го крена на нозе ЕУ, која се труди да го заштити од влијанието на политичарите. Но, кога станува збор за жените, тука ништо не е сменето, тие и понатаму лошо се третираат, вели за Њујорк тајмс опозициската пратеничка Мимоза Кусари Лила, која истакнува дека силувањето на тинејџерката е само врвот на сантата мраз.

Тинејџерката дала интервју за њујоршкиот весник, во кое опишала што ѝ се случувало. Од разбирливи причини, та се согласила да не ѝ бидат објавени името и фотографијата.

Таа вели дека била примерна ученичка, дека имала и спортски медали, кога еден наставник ја вовлекол во сексуален однос со него, ветувајќи ѝ дури и брак. Кога дознала дека тој всушност е женет и има деца, отишла во локалната полициска станица да го пријави.

Тогаш имала 16 години и немала претстава каков хорор ја очекува. Најпрвин во полициската станица ја испрашувале дури седум часа, но во присуство на една полицајка. Дома ја однел полицаец кој ѝ го изнудил бројот на мобилниот телефон, со закана дека нема да ја пушти да излезе од полицискиот автомобил. Тој ѝ го земал мобилниот телефон за да ѝ ги гледа фотографиите, па ѝ искоментирал: „Сега ми е јасно зошто те бркал наставникот“.

Полицаецот потоа почнал да се појавува пред нејзината куќа секој ден, со закани дека сѐ ќе каже на нејзините родители доколку не се согласи да се гледа со него. Таа тоа го направила бидејќи, како што вели, ужасно била уплашена. А потоа, пред крајот на 2017, се случило првото силување, што продолжило три до четири пати неделно во локален мотел.

„Тој постојано ми се закануваше дека ќе ме убие доколку не дојдам секогаш кога ќе посака“, вели девојчето. Таа затруднела, па полицаецот ја одвел во приватна клиника во Приштина, каде ја приморал да абортира, во јануари 2018.

Нејзината приказна ја објави косовскиот портал Инсајдери и така стигна до јавноста. Уапсени се наставникот, спомнатиот полицаец, но и гинекологот кој го извршил абортусот.

Но, вистински епилог нема, не се поднесени обвиненија. Засега наставникот и полицаецот се во притвор, додека гинекологот е суспендиран од работа и мора да се јавува во полиција на седум дена.

Полицаецот, како што тврди неговиот адвокат, негира дека има каква било врска со случајот на малтретирање и силување на тинејџерката и тврди дека сѐ е измислено. Адвокатот на гинекологот тврди дека тој е суспендиран поради процедурална грешка про поднесувањето на пријави за обновување на лиценцата.

Косовската тинејџерка сега има 18 години и спремна е да сведочи на суд против нив. Вели дека сака тие да ја добијат најголемата можна казна бидејќи ја уништиле. Сепак, таа стравува и од осуда на средината, која жртвите на сексуалното насилство ги обвинува за тоа.

Никој не ѝ помогнал, а не одела на доктор од абортусот. Родителите ѝ кажале да се отпише од училиште, еден месец пред да може да стане единствениот член со завршено средно училиште во семејството.

Таа нема пари ни за адвокат, а единствената правна помош ѝ ја пружа доделен државен адвокат. Нормално, не верува дека ќе успее да го добие случајот на суд.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе