Бројот на жртвите годинава се зголеми на 1.586

Ужас во водите на Средоземно Море, испливуваат тела

Дваесет и еднo телo за кои се верува дека се мигранти што загинале при обидот да стигнат до Шпанија месецов испливале на брегот на Средоземно Море.

Бројот на жртвите годинава во Средоземно Море со ова се зголеми на 1.586, според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесе Ројтерс.

Останките на девет супсахарски Африканци беа пронајдени на 4 септември на брегот во близина Марса Бен Мхинди во алжирската провинција Тлемсен, на 200 километри од шпанскиот брег.

Следниот ден на соседната плажа Саидија карши границата со Мароко беа пронајдени уште четири тела.

Останките на шест мигранти, меѓу кои и две жени и едно дете, беа пронајдени на 10 септември во Дриуч, во близина на Надор, во Мароко, според ИОМ.

Телото на една жена беше најдено на плажата Лас Салинас во Рокетас де Мар, во Алмерија, на 11 септември, а телото на млад супсахарски Африканец беше пронајдено од рибари во близина на Алмадраба, во шпанската енклава Сеута на 13 септември.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе