Ужас на англиските улици: Банди им плаќаат на тинејџери да избодат свои врсници

Улични банди во Ливерпул им нудат на тинејџери и по 1.000 фунти (околу 69.000 денари) да избодат други млади, објави Би-би-си.

Имено, некои малолетни лица за Би-би-си изјавија дека возрасни лица знаеле да им понудат голема парична награда ако извршат такво кривично дело.

„Да, познато ни е дека банди користат млади и ранливи лица, со цел да продаваат дрога или да извршат насилство“, соопшти локалната полиција, но притоа не се осврна на изјавите на тинејџерите.

Двајца тинејџери, кои сакаат да останат анонимни, за Би-би-си раскажаа дека постојат планирани напади врз малолетници. Еден од нив изјави дека банда платила 1000 фунти на други тинејџери да избодат негов пријател.

Двајца малолетници брзо го нападнале и неговиот пријател завршил во болницата, додека момчињата ги поделиле парите.

Минатата година, полицијата од округот Мерсисајд забележа зголемување од 35 отсто во кривичните дела извршени со ладно оружје, односно ножеви. Полицијата регистрирала 1213 такви прекршоци во таа област во 2018 година.

Социјалниот работник Алан Волш, водител на кампањата „Вистински мажи не носат ножеви“ (Real Men Don't Carry Knives), рече дека сè уште е во шок од сознанието дека банди нудат награди за насилство над малолетници.

„Како да се вративме во времето на гладијаторите“, рече тој. „Улиците станаа арена, а играчите добиваат награди“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе