Утре во британскиот парламент се гласа за брегзитот, владата има сѐ помала поддршка

Британската премиерка Тереза Меј се соочува со ново понижување откако двете евроскептични фракции во парламентот предупредија дека ќе гласаат против нејзиниот договор за развод од ЕУ откако не успеа да добие отстапки од Брисел.

Само 18 дена пред Британија на 29 март да излезе од Унијата, Меј се труди, засега без успех, во последен момент се обидува да обезбеди промени на договорот за напуштање на блокот пред утрешното гласање во парламентот за тоа дали ќе биде одобрен договорот.

Ако биде повторно отфрлен договорот, како во јануари, пратениците во среда ќе гласаат за напуштање на ЕУ без договор, а доколку и тоа го одбијат, во четврток ќе гласаат за одложување на брегзитот.

Најџел Додс, потпретседателот на Демократската унионистичка партија (ДУП) која ја поддржува малцинската влада на премиерката Меј, и Стив Бејкер, водечкиот човек во големата евроскептична фракција на нејзината Конзервативна партија, предупредија дека договорот на премиерката ќе биде отфрлен.

Европските функционери кажаа дека во преговорите за време на викендот немало напредок и изразија незадоволство од обидите на Меј да обезбеди отстапки само неколку недели пред британското излегување од ЕУ.

„Меј е уште повеќе турната во ќош, следува второто важно гласање, но изгледа дека тоа нема да биде последното важно гласање за брегзитот“, изјави функционер на Европската Унија.

„Навистина сакаме да завршиме со тоа. Не оди во ниедна насока, така што одложувањето нема да биде излез од ќорсокакот. Од наша страна не остана многу трпение ни добра волја“, додаде тој.

Британската криза околу членството во ЕУ се приближува кон крајот со необично многу опции вклучувајќи одложување, договор во последен момент, брегзит без договор, предвремени избори, па дури и нов референдум.

Засега е нејасно каков ќе биде резултатот, но голем број дипломати и инвеститори тврдат дека брегзитот ќе го дефинира напредокот на Британија за следните генерации.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе