Вратени полните овластувања

Усвоена резолуцијата за враќање на Русија во Советот на Европа

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја одобри резолуцијата со која се потврдуваат полните овластувања на делегацијата на Русија во таа организација.

Резолуцијата ја изгласаа 116 делегати, 62 беа против, аа 15 се воздржаа од гласање.

ТАСС јавува дека украинската делегација по објавувањето на резултатите на гласањето ја напуштила седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Исклучително бурната расправа, со остро спротивставени ставови на Британија, Украина и балтичките земји од една и големо мнозинство земји кои го сакаа враќањето на Русите од друга страна, го поларизираше Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе