Уставниот суд на Полска одби да примени одлука на Европскиот суд на правдата

Уставниот суд на Полска вчера пресуди дека одлуката на Европскиот суд на правдата што се однесува на полското судство е во спротивност со Уставот на таа земја и дека не е обврзувачка.

Фото: ЕПА

Судот, во кој мнозинството е составено од луѓе лојални на владата, зазеде став дека домашните прашања што се однесуваат на судството спаѓаат во исклучива надлежност на полските власти и законодавниот дом, иако Полска е членка на ЕУ.

Вчерашната одлука на Уставниот суд на Полска набљудувачите ја толкуваат како потег на полската десничарска влада со цел да ја поткопа силата на правото на ЕУ во таа земја и да ја оддалечи Варшава од Унијата. Полска ѝ се приклучи на ЕУ во 2004 година и се согласи да ги почитува нејзините закони и регулативи.

Минатата година Европскиот суд на правдата нареди привремено суспендирање на новата комора на Врховниот суд на Полска, формирана со цел да ги дисциплинира судиите и обвинителите.

Критичарите сметаат дека комората е средство за казнување на критичарите на промените во полскиот правосуден систем, иницирани откако десничарската Партија на законот и правдата на Јарослав Качински ја формираше владата во 2015 година.

Тие измени ја доведоа Полска во конфликт со ЕУ, а вчерашната пресуда на Уставниот суд дополнително ќе го разгори конфликтот.

Полскиот уставен суд се очекува наскоро да донесе одлука за тоа дали законот на ЕУ има предност пред полскиот устав. Вчерашната пресуда се толкува како навестување на одлуката на Судот за тоа прашање.

Холандскиот европратеник Џерон Ленарс изјави дека одбивањето на Полска да ја спроведе пресудата на Европскиот суд на правдата е „јасен чекор кон излегување на Полска од ЕУ“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе